Македонските компании, јавни институции и општини може да аплицираат за новата кредитна линија во износ од 75 милиони евра која е дел од регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Во Македонија од декември преку Охридска банка веќе се достапни 6 милиони евра, а од крајот на февруари се очекуваат уште дополнителни 3 милиони евра. Досега до банката се поднесени една апликација и четири барања од приватни субјекти. Ова го кажа министерот за економија Ваљон Сараќини по средбата со Анка Јоана Јонеску, директор на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Тој нагласи дека на вчерашната средба се потенцирала и потребата од изработка на акциски план со што ќе се овозможи поголема вклученост на македонските компании за аплицирање и добивање на повеќе средства за финансирање на проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија.
Македонските компании, јавни институции и општини може да аплицираат за новата кредитна линија во износ од 75 милиони евра која е дел од регионалната Програма за енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).
Во Македонија од декември преку Охридска банка веќе се достапни 6 милиони евра, а од крајот на февруари се очекуваат уште дополнителни 3 милиони евра. Досега до банката се поднесени една апликација и четири барања од приватни субјекти. Ова го кажа министерот за економија Ваљон Сараќини по средбата со Анка Јоана Јонеску, директор на Канцеларијата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Тој нагласи дека на вчерашната средба се потенцирала и потребата од изработка на акциски план со што ќе се овозможи поголема вклученост на македонските компании за аплицирање и добивање на повеќе средства за финансирање на проекти за енергетската ефикасност и обновливи извори на енергија.
- Од идната недела Министерството за економија, во соработка со ЕБОР, почнува со директна комуникација и директни средби прво пред стопанските комори пред кои ќе се презентираат кредитните линии. Потоа ќе има презентации во повеќе градови во внатрешноста и средби со ЗЕЛС и градоначалниците каде ќе се презентираат проекти за кои може да аплицираат - вели Сараќини и додава дека целта е да се анимираат повеќе фирми од приватниот сектор, но и јавни институции и општини за да може да ги користат кредитните линии за инвестиции во енергетска ефикасност.
За приватниот сектор максималниот износ на една кредитна линија е до 2 милиони, но за секоја успешна апликација се доделува и грант во вредност од 5 до 10 проценти од инвестицијата.
- За општините ќе се доделува грант во износ од 10 до 15 отсто, односно за кредитна линија од милион евра, грантот ќе достигне до 150.000 евра - укажа Сараќини.
Директорката Јонеску информира дека од претходната кредитна линија во Македонија се поддржани 38 проекти во вкупна вредност од 12 милиони евра. Од нив 18 проекти се во областа на енергетската ефикасност, 16 од обновливите извори на енергија и четири комбинирани проекти од областа на енергетиката.
Таа ги охрабри сите стопански субјекти коишто имаат проекти од енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија да аплицираат за кредитна линија и техничка помош.